March 8, 2021 13:18
Балкан

Рација во стриптиз-клуб во Бања Лука: Три девојки признале проституција и ја откриле цената на услугите

Сопственикот на стриптиз-клубот „Карибик денс“, Лари Живковиќ, кој беше уапсен во акцијата „Долар“, е пуштен на слобода, како и две девојки, додека четворица Словенци и четири српски државјанки се предадени на полициската канцеларија за странци во БиХ, потврди полициското одделение во Бања Лука, а пренесува „Дневни аваз“.

Полицијата ќе поднесе пријава против Живковиќ до јавното обвинителство во Бања Лука под сомнение дека сторил кривични дела наведување на проституција и непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата, бидејќи клубот работел по 22 часот.

„Против правното лице, односно стриптиз-клубот поднесена е пријава од комуналната полиција, а подоцна ќе се одлучи дали клубот ќе биде привремено затворен“, наведуваат од полицијата.

Извор близок до истрагата вели дека три од шест притворени девојки за време на истрагата признале дека се занимавале со проституција, додека другите го негирале тоа, тврдејќи дека тие работеле само како танчерки. Проституција признале српските државјанки Звездана Д. и Нина К. односно Адна М. од Бања Лука, кои поради тоа се казнети, а тие исто така откриле по која цена ги наплаќаат ваквите услуги.

„Тие признаа дека за сексуални услуги наплаќале 400 марки“, изјавил изворoт од истрагата. Патем, сликите на девојките се објавени на фејсбук-страницата на стриптиз-клубот. Четиристотини босанско-херцеговски конвертибилни марки се околу 200 евра.

Како што дознава „Дневни аваз“, сите четири српски државјанки ќе бидат протерани од БиХ. Во акцијата беа уапсени и словенечките државјани Бернард Ќосиќ, кај кого била пронајдена мала количина  дрога, и Ален Дурановиќ, Мирослав Савановиќ и Мирхад Ферхативиќ, кои биле позитивно тестирани на кокаин.

Двајца од четворицата ќе бидат протерани од земјата, додека Ќосиќ ќе биде обвинет за поседување дрога, а Савановиќ поради попречување на работата на полициските службеници.

Управата на хотелот „Четојевиќ“ издаде соопштение во кое се наведува дека хотелот нема никаква врска со акцијата „Долар“, а рацијата е извршена во стриптиз-клубот „Карибик денс“, кој го користи изнајмениот простор.

Fire Force (https://animefreak.ws/m/x5yZ) Episode 24 at website https://animefreak.ws. See more animefreak hunter x hunter

Watch Horimiya Episode 3 (https://crunchyrollfree.com/m/gqJV/ep-3) at website https://crunchyrollfree.com free crunchyroll premium 2020