January 16, 2021 07:09
Македонија

Рахиќ: Одземени три мобилни од притворениците, најверојатно од нив потекнува фотографијата од Боки 13

Управата на истражниот затвор во Шутка по извршениот претрес пронашла и одзела три мобилни телефони од притвоениците, а со кои најверојатно била направена фотографијата од првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановки – Боки 13. Негова фотографија од дворот од затворот „Скопје“ ја објави порталот Скопје1, а на неа Боки 13 е со уште едно машко лице.

Директорот на затворот, Есад Рахиќ за 24 Инфо изјави дека откако се појавиле фотографиите бил направен претрес при што биле најдени три мобилни телефони.

-Истрагата трае, фотографијата најверојатно била направена со еден од ови овие мобилни телефони и нивните сопственици ќе бидат санкционирани. Гарантирам дека никој од затворските чувари кои се ангажирани воовој дел од установата не го снимале притвореникот, изјави Рахиќ.

 

Поврзани вести

Нови 403 заболени и 10 починати од коронавирус во Македонија

Dragan Nikolovski

Вевчанци од политички причини сакаа сензационалност, но таму не се случи ништо спектакуларно

24news

И ремонтираниот состав на Шведска беше преголем залак за Македонија

Dragan Nikolovski