Хроника

Рахиќ не знае која е жената која му се заканувала со бомба

Директорот на КПУ„Затвор Скопје“, Есад Рахиќ не знае која е причината за денешниот инцидент пред затворот кога жена се заканувала со бомба кон него како директор на установата.

Како што претходно информираше 24 Инфо, инцидентот се случил после 12 часот, кога жена вработена во МВР пред пријавницата на „Шутка“ понала да се заканува.

Од МВР потврдија дека имало вербален инцидент и дека по упатените закани жената си заминала. Таа била идентификивана и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-Тоа што го знаете Вие, го ззнам и јас. Полицијата е запознаена и се што треба да се знае побарајте од нив. Можам да кажам дека дотичната се заканувала на диркторот на затворот, но поради што не знам. Јас лично не ја познавам и немам никакви контакти, најверојатно е заканата кон функцијата што ја извршувам, не лична. Разбрав дека е полициски службеник, како и дека порано имала слични инциденти, не тука конкретно, туку на други места и личности. Си има процедури кои се во надлежност на полицијата и тие си го тераат случајот, изјави Рахиќ за 24 Инфо.