April 19, 2019 22:50
Македонија

Рауфи: Вештачењето на оружјето во случајот „Монструм“ е монтирано од МВР

Денеска бевме сведоци дека случајот „Монструм“ не е монтиран од страна на МВР само со заштитениот сведок и автомобилот, туку и со извршеното вештачење за земјата и оружјето кое било користено кај Смилковско Езеро, рече адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи.

Тој истакна дека сомнително е тоа што доставените примероци за вештачење, односно чаурите не се знае кој ги однел на вештачење во МВР, со што се јавува сомнеж дека за една од чаурите пронајдена во Белимбегово, за кои вештаците тврдат дека одговара на оние од Смилковско Езеро, е подметната помеѓу останатите.

„На сликата со број 13, каде има три чаури на едно место, не е возможно две да не одговараат со оние од Смилковско Езеро, а една да одговора. Тука се јавува сомнеж дека таа една чаура е извадена од депото на МВР и вметната со останатите“, рече Рауфи.

На денешното рочиште за „Монструм“ вештаци од МВР ги изнесоа наодите од вештачењето од земјата кај Смилковско и оружјето што наводно било користено при петкратното убиство.

Наредното рочиште е закажано за 26 октомври каде случајот ќе продолжи со доказна постапка со наодите од останатите вештаци.

Нови вести

Силјановска: Кога ќе станам претседател, ќе ви кажам дали ќе ги потпишам законите кои Иванов не ги потпиша

24news

Заев: Не го фрлајте сопствениот глас, опција за сите е „Заедно напред”

Filip

Сиљановска од Штип: Претседателот не треба да има повеќе ингеренции

Filip