June 28, 2022 09:14
Хроника

Расчистено разбојништво во Радовиш, приведени разбојниците

Денеска (17.05.2022), Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(27) од Радовиш поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „разбојништво” по член 237 став 4 и „спречување на докажување” по член 368 и против М.Т.(22) и О.А.(21), двајцата од село Покрајчево, радовишко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво” по член 237 став 4 од Кривичниот законик.
На 09.05.2022 во 04.00 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино  на улица „Свети Спасо Радовишки” во Радовиш одзеле два коверти со исплатени тикети за кои сметале дека има пари. После тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на с.Раклиш, радовишко. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземенимарихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.
На 16.05.2022 лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица

GO88 - Tải Go88 Club | Game bài đổi thưởng Go88 – Trang trò chơi Tài Lộc ăn tiền ảo lãnh tiền thật làm đại lý go88

báo cầu sunwin sunwin life sunwin kid