December 1, 2021 13:52
Uncategorized

Расчистена кражба на возило, приведено едно лице во Скопје

Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, вчера го лишиле од слобода Б.Д.(46) од Скопје, поради сомнение дека на 11.10.2021 од бул.„Борис Трајковски” одзел патничко возило „хјундаи”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н. од Скопје, со кое подоцна во скопско Ново село удрил во возило „цитроен берлинго”, сопственост на К.М. од Скопје и го напуштил местото, соопштија од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 242 од Кривичниот законик.