December 3, 2022 09:59
Економија

Раст на индустриското производство од 1,1 отсто

Индустриското производство во периодот јануари – август 2022 година бележи зголемување за 1,1 отсто во однос на истиот период лани, додека во август 2022 во споредба со август 2021 раст од 0,2 процента.

Според Државниот завод за статистика, гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2022 година, во однос на август 2021 година бележи пораст од 2,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија зголемување од 2,5, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11, 5 отсто.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во август 2022 година во однос на август 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 13,1 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 12,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6, додека опаѓање бележи кај Енергија за 9,4 и Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8 проценти.