Свет

Расте интересот за експерименталната вакцина Кјур Вак

Германската биотехнолошка компанија Кјур Вак денеска соопшти дека бележи зголемување на побарувачката за експериментална вакцина во последните неколку дена бидејќи расте загриженоста за несаканите ефекти од другите вакцини. Портпарол на Кјур Вак денеска изјави дека пристигнале разни барања, вклучително и од влади и меѓународните организации, но одби да каже повеќе детали.

Европската унија во ноември обезбеди до 405 милиони дози од вакцината Кјур Вак, која се дава во две дози и сè уште не е одобрена за употреба од регулаторот. Ова е најголемиот договор што компанијата го склучила досега.

Бавната вакцинација во Европа оваа недела беше дополнително отежната со прекинот на испораката на вакцината на Џонсон и Џонсон и прекинот на употреба на вакцината на Астра Зенека во Данска поради ретки случаи на згрутчување на крвта.

Астра Зенека во многу европски земји е ограничена на постара популација бидејќи несакани ефекти, згрутчување на крвта, првенствено се јавувале кај вакцинирани млади и средовечни луѓе.

Кјур Вак денеска соопшти дека ќе почне со тестирање на својата вакцина кај адолесценти кон крајот на април, со оглед на тоа што во вториот квартал се подготвува да ги објави првите резултати од ефективноста на вакцината кај возрасни.

Портпаролот повтори дека компанијата, која ја поддржуваат инвеститорите Дитмар Хоп, Фондацијата Гејтс, Глаксо Смит Клајн и германската Влада, се надева дека кон крајот на мај или почетокот на јуни го регулаторите ќе поднесе барања за одобрување.

AnimeDao animedao death note: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 1

4Anime 4anime a silent voice: Naruto: Shippuden Episode 500