June 21, 2021 19:38
Свет

Расте бројот на жртви во израелско-палестинскиот конфликт

Во ескалацијата на судирите меѓу Израел и Хамас, бројот на жртви денеска се зголеми на најмалку 43 убиени во Газа и шест во Израел.

Палестинските сили истрелале стотици ракети кон Израел, кој изврши силни воздушни напади врз Појасот Газа.

Палестинските сили потврдија дека истрелале 210 ракети кон Тел Авив и Бершеба по израелскиот воздушен напад во Појасот Газа, а израелската армија соопшти дека соборила третина од тие ракети и оти ги гаѓала милитантите во Газа како одговор на ракетните напади врз Ерусалим и други области.

Една повеќекатна станбена зграда во Газа е урната, а друга е сериозно оштетена откако повеќе пати беше погодена во израелските воздушни напади.

Израел соопшти дека неговите авиони утрово гаѓале и убиле неколку разузнавачки лидери на Хамас, а други напади биле насочени кон други воени цели на Хамас.

Претставници на Министерството за здравство во Газа потврдија дека во воздушниот напад има 43 жртви, вклучително и 13 деца, а израелските сили соопштија дека ги проверуваат овие извештаи и оти приоритет е избегнување на цивилни жртви, и дека нивните акции ги ограничуваат на воени цели.

Израелските политички лидери и војската соопштија дека убиле десетици „милитанти” и извршиле напади врз објекти што ги користел Хамас.

AnimeDao dubbed anime: Kuroko's Basketball 2 Episode 25

WCOStream wcostream one piece: Re:ZERO -Starting Life in Another World- (https://wcostream.cc/m/rPz) Episode 25