March 5, 2021 15:03
Свет

Раскин: Трамп го гледаше упадот во Капитол на телевизија

Главниот менаџер на демократите, одговорен за отповикување, конгресменот Џејми Раскин, го обвини претседателот Доналд Трамп дека не презел ништо на 6 јануари за да ги спречи неговите приврзаници да упаднат во зградата на Конгресот.

– Тој го гледаше тоа на телевизија, како некоја забава, изјави Раскин за Си-Ен-Ен.

Откако минатата недела Претставничкиот дом го отповика, Трамп го осуди насилството преку видеопорака, изјавувајќи дека „насилството и вандализмот апсолутно немаат место во земјата и во движењето ‘Направи ја Америка повторно голема’, кое отсекогаш било посветено на владеење на правото”.

Судењето на Трамп, кој е единствениот американски претседател кој е отповикан може да започне кусо време по инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден на 20 јануари.

Доколку двотретинско мнозинство во политички поделениот Сенат гласа за отповикување, на Трамп би можело со просто мнозинство гласови да му се забрани некогаш повторно да се кандидира за политичка позиција, јави Гласот на Америка.

Американскиот претседател допрва треба да избере правен тим што ќе го брани на судењето во Сенатот. Руди Џулијани, личниот адвокат на претседателот, е еден од кандидатите, иако Џеј Хоган Гидли, националниот секретар за печат на Трамп, напиша на Твитер дека „Претседателот Трамп сè уште не одлучил кој адвокат или адвокатска фирма ќе го застапува на судењето кое е срамен напад на американскиот Устав и демократија”.

Watch My Hero Academia: Two Heroes (Dub) Episode Full at website https://crunchyrollfree.com. See more free crunchyroll account 2020

Attack on Titan Final Season Episode 6 at website https://animeplanet.cc anime planet boruto