November 14, 2019 13:27
Свет

Расел: Договорот за Брегзит е „посебно деструктивен” за Шкотска и треба да се стави на гласање пред народот

 Договорот за Брегзит меѓу Европската унија и британскиот премиер Борис Џонсон е „посебно дестуктивен” за Шкотска и треба да биде ставен на гласање пред шкотскиот народ, изјави лидерот на Шкотската националистичка партија Мајк Расел, пренесе ДПА. „Нема тука многу нешта, за да се тврди дека е одличен „Договор за Брегзит”, напиша Расел на Твитер, кој воедно е и секретар на шкотската Влада.

“Сите договори за Брегзит и штетат на Шкотска, а овој е посебно деструктивен”, напиша Расел, јави ДПА.

„Доколку преживее (во британскиот Парламент) во сабота, демократијата бара тој да биде ставен пред шкотскиот Парламент и народ. Веројатно и од двајцата ќе биде одбиен”, додаде тој.

Нови вести

Бројот на загинати во протестите во Боливија се искачи на 10

zane

Ердоган лично му го вратил скандалозното писмо на Трамп

zane

Воени кучиња во Австрија го убиле водичот на кучиња

zane