October 13, 2019 11:49
Култура

Раритетна изложба на ротирачки скулптури на Марјан Стојаноски

Во чест на празникот 11 Октомври, прилепскиот скултор Марјан Стојаноски во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков” синоќа ја отвори првата самостојна изложба во родниот град насловена „Скулптура”.

Изложбата се состои од 6 скулптури во метал, од кои три се ротирачки, а три статичлни и го носат заедничкиот наслов „Феникс 2″, како продолжение на неговиот проект „Феникс”. Изложбата е авангардна зашто е ретка на нашите простори.

Според скулторот Марјан Стојаноски делата ја носат пооораката за издигнувањето и кога човекот мисли дена нема надеж. Сака да бидат поставени на отворен простор.

-Станува збор за моја прва самостојна изложба во Прилеп. Имам чест да биде отворена на нашиот празник 11 Октомври. Ова е циклус на мојата работа во изминативе две години и претставува продолжение на циклусот „Феникс”. Сега е наречен „Феникс 2″. Скулптурите шест на број се изработени во метал, од кои 3 се ротирачки, а другите три се статични, што е нешто непознато досега на нашиве простори. Иако самата скулптура комуницира со публиката, мене многу ми беше битно да внесам во неа движење. Скулптурите се плод на мојата визија како би требало да изгледа една современа скулптура. Замислата ми е да бидат поставени на отворен простор каде би биле монументални. Пораката на скулптурите што ја носат е содржана во симболиката што ја има птицата Феникс – да се издигне од пепелот, да се реинкарнира од уништувањето. Се однесува на нас лушето, кога, колку и да си долу, сепак има надеж да се издигнеш горе и тоа, сметам, е бесконечен циклус, изјави Стојаноски.

Необичната и ретка изложба на Стојаноски привлече огромно внимание кај публиката.

Нови вести

Филмот „Медена земја” победник на Тетовскиот интернаcионален филмси фестивал „ОДА”

Filip

Ангеловски: Растевме со радиодрама и театар, напливот на технологии ги промени и театарот и филмот

Filip

Почнува седмиот „Џифони Македонија” со 650 деца и млади од десет земји

Igor