September 20, 2021 22:48
Балкан

Рама тврди дека не изгубил ниту еден случај на Арбитражен суд, демократите дека сметката достигнува 447 милиони евра

Албанската држава призна 109,5 милиони евра финансиски обврски за плаќање на изгубени случаи на Арбитражен суд. Во меѓувреме, според податоците обработени од „Open Data”, обврските може да се зголемат за околу 300 милиони евра, со што вкупната вредност се зголемува на околу 447 милиони евра, пренесува Ора њуз.

Според истиот извор, опозициската Демократска партија (ПД) денеска дистрибуира видео-запис во кој се разоткрива премиерот Еди Рама, кој во изјава за медиумите рекол дека не е точно дека изгубиле арбитражни случаи.

-Веќе некое време, во јавноста се пласира идејата дека изгубивме во арбитража, но немаме изгубено ниту еден случај, вели Рама, но вистината е поинаква, додава телевизијата.

Според официјалните документи на Министерството за финансии, долгот од 109,5 милиони евра, што му припаѓа на периодот до јуни 2020 година се со конечна одлука што го признава и албанската држава.

-Цели 447 милиони евра, ова е фактурата на Еди Рама за албанските семејства. Замислете колку мали и големи проблеми за Албанците би решила оваа многу вртоглава сума, која за жал ќе се претвори во товар за буџетот на секое семејство, кое ќе биде принудено да плати за неодговорноста на Еди Рама. Цели 447 милиони евра нема да одат за болници, училишта, градинки, инвестиции во инфраструктура, економска помош на луѓето во неволја, туку за да ја платат штетата предизвикана од малцинство што ја уништи економијата и ги осиромашува Албанците, се наведува во придружната порака на видеото-записот објавен на социјалните мрежи од страна на Демократската партија.

Опозицијата потсетува дека на 8 април 2021 година, Демократската партија поднесла пријава до Специјалното јавно обвинителство (СПАК) за случајот „Бечети”.

-Очекуваме да се испита со приоритет, бидејќи секој час задоцнување веќе се претвора во неповратна економска штета на товар на граѓаните, се вели во објавата.

Само во текот на минатата година, во Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови регистрирани се три случаи а најголемата сметка се однесува на изградбата на „Фотоволтаричниот парк во Акрни”.

„Open Data” наведува дека ова прашање почнало во декември 2020 година од компанијата „Arka Energy B.V” која била дел од победничкиот конзорциум преку меѓународна тендерска постапка спроведена од Министерството за инфраструктура и енергетика.

Watch anime online for free at AnimeHeaven watch anime free

Website https://animeflix.nl: Watch Master of Martial Hearts animeflix Episode 5 fire force animeflix

Watch anime online for free at AnimeFreak watch anime free

Hetalia World★Stars Specials Episode 3

Talk plesk: https://talk.plesk.com/members/animeflixnl.226739/#about

Community windy: https://community.windy.com/user/animeflixnl