July 26, 2021 02:57
Македонија

Рама: Се надевам нема да побараат да се викате „Западна Бугарија“

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска од Скопскиот форум, што се одржува во хотелот Александар Палас им даде безрезервна поддршка на премиерот Зоран Заев и на РС Македонија на патот кон евроинтеграцијата.

-Ние не сме тие кои не успеавме, туку ЕУ која повторно потфрли и не го одржа ветувањето, изјави Рама.

Коментирајќи го неуспехот на ЕУ да испорача преговори за Скопје и Тирана поради бугарското вето, Рама изјави дека што и да се случува во Брисел, мора да продолжи порастот на економијата, зголемувањето на благосостојбата, но и гордоста и силата на достоинството на народите во регионот.

-Европската унија може да одреди задачи за интеграцијата, може да одреди рокови за овие задачи, може да одреди датуми. Но, ЕУ не може да ја одреди ниту нашата местоположба среде Европа, ниту нашата култура и нашиот европски идентитет, ниту иднината на нашите народи како европски народи во европското семејство, во европски држави, со политички, институционални, економски европски стандарди. За мене ова не е чекање, едноставно треба да продолжиме да го правиме истото, да одиме напред и не само да се потпираме на тоа што го кажува Брисел, меѓутоа да се потпираме на самите себе, на нашата сопствена енергија да направиме максимум со цел да ги споиме мисиите во една мисија, народите во еден народ, земјите во една зона каде што нема да има ограничувања на соработката, рече Рама.

Според него, по решавањето на спорот со Грција и потпишувањето на Преспанскиот договор, сите имаат право да се чувствуваат фрустрирано од блокадата која, овој пат, доаѓа од Бугарија.

-Сите имаат право да се чувствуваат целосно фрустрирани затоа што одеднаш сега се појавува Бугарија и бара нешто повеќе. Му реков на Зоран се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија затоа што тогаш ќе треба да се вратите пак кај Грците да преговарате, рече на шега Рама.

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Choujin Locke Special Episode Full

https://animebee.to free anime. Hetalia: The Beautiful World (Dub) Episode 20

WCOStream Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Iria: Zeiram The Animation (Dub) (https://wcostream.cc/m/GnOV) Episode 6

KissAnime Tapas: https://tapas.io/kissanimecontact