January 27, 2021 11:24
Балкан

Рама побара од граѓаните поголема одговорност за да не дојде до целосно затворање на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама побара од граѓаните да бидат посвесни и поодговорни за да се избегне пренатрупаност во болниците и затворање на земјата, што би имало сериозни последици од сите аспекти.

– Барам ваша помош за да бидете што е можно посвесни и поодговорни и сите заедно да избегнеме преоптоварување на болниците, што практично ќе го отежни нормалното лекување на сите на кои им треба и ќе услови целосно затворање. Неопходно е секој од нас, секој граѓанин, да стане свесен дека треба да одигра важна одлука да го заштити сопственото, но и здравјето на неговото семејство и роднини. Да даде придонес за да се избегне затворање што би имало непожелни последици во однос на економијата, на секое семејство и на нашето заедничко семејство, порача Рама на прес-конференција.

Тој зборуваше и околу можоста од затворање на основните и средните училишта, каде наставата се изведува со физичко присуство на ученици, поради зголемениот број заразени со Ковид -19 меѓу наставниот кадар, техничкиот персонал, но и на учениците.

Според него, ваква одлука не е во негова надлежност, туку на Комитетот на експерти за справување со пандемијата.

– Постојат повеќе гласини за затворање на училиштата. Сакам да истакнам дека она што се отвора и затвора е одговорност на нашите овластени органи кои имаат експертиза и законска обврска да донесуваат одлуки во ова тешко време. Според сите податоци и ориентации на медицинските научни власти во сите земји што внимателно ги следиме, училиштата не се сметаат за жариште, туку простор кој има потенцијален значителен ризик, но мерките треба строго да се почитуваат во секое училиште, како што и се случува, рече тој.

Рама одби да одговори на прашањето што ја попречува албанската држава да воведе брзи тестови, а тие се користат во приватните лабратории и на тоа заработуваат многу пари.

– Што се однесува до тестовите, простете ми, но веќе не зборувам за тестовите, стана грд и многу банален театар, што веќе немам намера да давам никаков придонес во тој театар, одговори Рама.

Министерката за образование, спорт и млади Евис Куши на прес-конференцијата рече дека наставата на универзитетите ќе продолжи онлајн и покрај барањата на студентите.

I want to eat your pancreas (https://kissanimeonline.com/m/Xd16) Episode Full at website https://kissanimeonline.com kissanime one piece

Attack on Titan: Wings of Freedom Episode Full at Crunchyroll crunchyroll free trial