July 21, 2019 03:20
Балкан

Рама: Опозицијата си поигрува со судбината на земјата

Опозицијата си поигрува со судбината на земјата, тоа е антинационален план со цел да се спречи членствотово ЕУ – вака албанскиот премиер Еди Рама ја оцени најавата на опозицијата да го блокира гласањето на 30 јуни.

Рама, на изборниот митинг во северниот град Тропоја, рече дека опозицијата денес вреска поради страв од правда, која треба да функционира за сите кога ќе се отворат преговори со Европската унија.

-Тие врескаат од страв, чувствуваат голем страв од отворање на преговори со ЕУ, бидејќи со отворањето на преговорите започнува ново поглавје со ЕУ.  Повеќе не е време да и се каже на Албанија дека треба да го донесе овој закон, туку време е Албанија да седне на маса и да каже сакам да влезам во семејството, а тогаш тие ќе велат дека треба да докажете дека правдата функционира за сите, рече Рама.

Во врска со судирот со претседателот, Рама рече дека „Илир Мета го презел делот од институционалното насилство, молотви коктели врз институцииите и фрлање молотови коктели врз Америка и Европа”.

Рама во овој град беше пречекан со протест, дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата кои во еден момент го пробија кордонот. Според медиумите, за безбедноста при денешниот престој во севернот дел на земјата биле ангажрани над илјада полициски службеници. Освен во Тропоја, Рама изборен митинг има и во Кукс.

Нови вести

Весели: ПДК е подготвена за вонредни избори, набргу ќе се одреди датумот

Daniela

(Видео) Гори магацин на „Слободна Далмација“, вработените евакуирани

Daniela

Дармановиќ: СПЦ се плаши од губење на монополот

Daniela