October 26, 2021 01:35
Балкан

Рама му се заблагодари на Курти за честитките и најави скорешна посета на Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска потврди дека ќе ја посети Приштина по враќањето од Генералното собрание на ОН.

На Твитер, тој се заблагодари за честитките и поканата што му ја испратинеговот косовски колега, Албин Курти, и го најави своето доаѓање веднаш по посетата на Њујорк каде ќе учествува во работата на Генералното собрание на ОН.

-Благодарам Албин Курти. Бездруго ќе го посетам Косово со големо задоволство, штом се вратам од Генералното собрание на ОН. Да почнеме веднаш да подготвуваме заедничка седница. Посакувам со сето мое срце и убеден сум дека ќе направиме многу добри работи за нашите две земји, напиша Рама на Твитер.

Претходно, Курти му честиташе на Рама за реизборот за албански премиер и го покани да ја посети Приштина за да рзговараат околу подготовките за заедничка седница на двете влади.

Курти во честитката навел дека овој трет мандат е и трета можност за спроведување проекти што долго време ги очекуваат Албанците од двете страни на границата.

Тој ја изразил својата целосна подготвеност и на Владата на Република Косово да ја „зголеми економската соработка, трговската размена и интеграцијата на пазарот , отстранувајќи ги бариерите меѓу Албанците”.

Watch anime online for free at AnimeHeaven animeheaveneu

ANIMEFLIX: Boonie Bears: Spring into Action (Dub) anime episode 50 online free at https://animeflix.nl animes online

Website https://animetv.cc: Watch New Initial D Movie: Legend 3 - Mugen (Dub) animetv Episode Full anime tv kissanime

GoGoAnime: Kyouryuu Boukenki Jura Tripper anime episode 4 online free at https://gogoanime.be your name gogoanime

Bigpictureclasses: https://www.bigpictureclasses.com/users/kissanimemx

Forums iis: https://forums.iis.net/members/animeflixnl.aspx