July 17, 2019 12:54
Балкан

Рама му реплицираше на Мета: Не се занимавам со заложник на Уставот

Продолжува преписката на социјалните мрежи меѓу албанскиот премиер Еди Рама и претседателот Илир Мета, откако шефот на државата не го прифати предогот на Рама за нов министер за надворешни работи да биде Косовецот Гент Цакај.

Неколку часа по објавата на Фејсбук во која Мета наведува дека Минстертвото за надворешни работи не може да се претвори во автошкола, каде големиот мајстор (Рама) бара да го научи „генијалецот”(Цакај), како да ги промени границите на целиот Западен Балкан, на Твитер реагираше Рама.

– Не очекувајте од мене да се занимавам со еден заложник на Уставот во канцеларијата на претседателот, кој пропаѓа во резервните чизми на докторката на науки (сопругата на Мета, Моника Круемади). Новиот Уставен суд ќе стави крај на овој маскенбал, а целото наше внимание ќе биде кон луѓето а нула кон чизмите, напиша Рама, кого Круемади на собраниска седница го гаѓаше со сопствените чизми.

Нови вести

(Видео) Mомче од Хрватска пронајдено мртво во шума во Германија

zane

Пацоли во Вашингтон на форум за верските слободи

zane

Седумчлено босанско семејство затруено од полнети пиперки

Valentina