February 25, 2021 17:14
Балкан

Рама: Досега вакцинирани 369 здравствени работници

Албанскот премиер Еди Рама во објава на Фејсбук напиша дека благодарение на примената првата доза на вакцината против Ковид-19, 369 здравствени работници сега се позаштитени од вирусот.

Тој, исто така, најави дека од недела во недела продолжува процесот на вакцинација  и дека динамиката постепено ќе се зголемува.

„Досега 369 лекари и медицински сестри од првата борбена линија со Ковид-19 денеска се позаштитени од опасниот вирус, откако ја примија првата доза на вакцината во Центарот за вакцинација во стадионот „ Ер Албанија”, во првите шест дена од вакцинацијата. Процесот ќе продолжи и денеска, без запирање. Од недела во недела постепено ќе ја зголемуваме динамката според планот за вакцинација”, се наведува во статусот на Рама на Фејсбук, што завршува со мотото на вакцинацијата „Албанија со насмевка”.

По пристигнувањето на првите 975 дози од вакцината на „Фајзер”, албанската Влада соопшти дека обезбеди вакцини за 800.000 граѓани или 1,6 милиони дози, преку директен договор со оваа американска компанија и преку механизмот Ковакс.

Според договорот со „Фајзер”, следните денови треба да пристигнуват 10.750 дози вакцини, а потоа ти ќе пристигнуваат според договорениот календар.

Во меѓувреме, како што информираше министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, продолжуваат преговорите за обезбедување повеќе количества од вакцините.

Министерката објасни дека во земјата ќе се спроведе комбинирана вакцинација за ризичните групи, согласно националниот план за анти-ковид вакцинација.

-Во првата фаза ќе бидат опфатени околу пет илјади здравствени работници, а по нив ќе следува комбиниран календар за старите лица сместени во домови, па постарите од 75 години и така со сите групи, како што е дефинирано во нашиот план за вакцинација, изјави Манастирлиу.

Инаку, по анализа на епидемиолошката состојба во земјата во последните две недели, поради зголемената инциденца, Националниот комитет на експерти одлучи да остане во сила одлуката за полицискиот час,кој трае од 22 до 6 часот, додека забраната за летови со Велика Британија останува во сила до први февруари.

Case Closed Episode 994 at website https://animefreak.ws vinland saga animefreak

Boruto: Naruto Next Generations Episode 182 at website https://kissanimeonline.com kissanime official website