March 24, 2019 04:22
Балкан

Рама: Го подржуваме дијалогот Косово-Србија гарантиран од САД и ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама вечерва во обраќањето пред дипломатскиот кор во Тирана изјави дека неговата земја го подржува дијалогот Косово-Србија и оти него треба да го гарантираат САД и ЕУ.

– Албанија го подржува дијалогот и го поттикнува конечниот договор меѓу Косово и Србија, кој ќе го прифатат и гарантираат САД и ЕУ. Точка! Другите се сиромашни умови и маскарада на политичарите, истакна Рама.

Тој во говорот се задржа и на едно од најжешките прашања во Албанија, неговиот предлог за нов министер за надворешни работи да биде Косовецот Гент Цакај и несогласувањето со претседателот Илир Мета.

Според Рама, Цакај бил нападнат затоа што е „чист” и оти не го избрал ниту како Косовец, ниту како млад човек, туку како европски Албанец. Тој нагласи дека Чакај не зборувал и не подржувал промена на граници на Балканот.

– Жал ми е што неправедно го напаѓаат. Тие го нападнаа и го повредија неговото достоинство, бидејќи тој е чист и не припаѓа на нашата стара река. Затоа што не може да биде обвинет за ништо. Бидејќи е многу чист.  Зошто како Косовец не може да стане министер? Не го избрав Гент Цакај, ниту како Косовец, ниту како млад човек, туку како европски Албанец. Првично започна како советник, а потоа како заменик-министер. Тој никогаш не рече ништо што е во спротивност со нашата надворешна политика, потенцира Рама.

Тој посочи дека Цакај никогаш не се произнел за промени на границите на Балканот, ниту пак интервенирал во прашања како што е она за Косово и Србија.

Нови вести

Протестот во Белград вечерва започна со минута молк за жртвите од бомбардирањето

Igor

Бугарската министерка за правда поднесе оставка, купила стан под пазарната цена

Igor

При обид да ја напушти Албанија, уапсен Индиец, поврзан со браќата Сандесара

Igor