February 28, 2020 09:07
Свет

Рама во Киев: Наша цел е да обезбедиме целосен и одржлив прекин на огнот

Албанскиот премиер Еди Рама, во својство на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа,ОБСЕ, денеска престојува во посета на Киев, Украина.

Тоа е негова прва посета на некоја држава по превземањето на Албанија на претседавањето со ОБСЕ на 9-ти овој месец.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи, Рама, рече дека не е случајно што Украина е прва негова посета во рамки на неговата нова задача.

Додаде дека „наша цел е да обезбедиме целосен и одржлив прекин на огнот”.

-Не случајно што Украина е моја прва дестинација во рамки на оваа нова задача. Тоа ја отсликува огромната важност што ја придавам за решавање на кризата. Сметам дека ова останува најгорливиот предизвик за безбедноста и стабилноста. Ние ќе поттикнеме целосно почитување на договорите од Минск. Животот на луѓето кои живеат во области погодени од конфликти е од суштинско значење и ние напорно ќе работиме. Гарантирањето забрана на пукањето и прекинот на огнот е од витално значење за тамошните луѓе. Овој конфликт продолжува да носи цивилни жртви, што е нешто што треба да се запре. Наша цел е да обезбедиме целосен и одржлив прекин на огнот, изјави Рама, пренесува Топ чанел.

Тој посочи дека обновувањето на дијалогот на високо ниво е вистински чекор, иако „патот кон мирот ќе продолжи”

-Со министерот Вадим Пристајко споделивме заеднички став дека придонесот од мажите и жените на мисијата на ОБСЕ во Украина е од суштинско значење за мирот, затоа треба да се зајакне со солиден буџет за да може оваа мисија да ја игра својата улога уште подобро. Силно се надевам дека времето ќе ни овозможи утре да продолжиме кон источна Украина каде што сакам да ја видам областа одблизу и влијанието на оваа мисија. Ова е суштината на нашата мисија затоа што сме свесни дека многу големи актери прават напори за овој конфликт, но не многу се фокусираат на вистинските луѓе, на оние кои се соочуваат со овие неволји, рече Рама.

Тој додаде дека од министерот Пристајко слушнал колку внимание и  напор вложиле украинските власти за да ги намалат неволјите.

-Не ветуваме чуда, но ние сме тука затоа што можеме да направиме нешто подобро од другите за оние кои се во оваа ситуација и кои се невини,посочил Рама.

Заблагодарувајќи му се на Пристајко за „топлиот пречек и продуктивниот разговор” Рама највил средби со украинскот државен врв.