November 29, 2022 06:12
Балкан Економија

Рама: Албанија со изненадувачки богата туристичка сезона

Албанскиот премиер Еди Рама изрази големо задоволство од резултатите во областа на туризмот, наведувајќи дека само во првото полугодие од годинава во економијата се слеале над милијарда долари од туризмот.

На средба со туристички работници во пристанишниот град Драч направи кус биланс од туристичката сезона оценувајќи ги резултатите како изненадувачки.

– Имавме изненадувачка сезона како во однос на бројка на туристи, така и на приходи. Што се однесува до економијата, само во првите шест месеци надминавме една милијарда долари приход од туризмот, што е двојно повеќе од минатата година, изјави Рама.

До август, пак, додаде тој, во земјата пристигнале 5,6 милиони туристи, 1,3 милиони повеќе отколку во 2021 година. Според него и Тирана годинава бележи зголемување на бројот на туристи.

-Тоа се гледа не само од хотелите кои беа полни, туку и бројот на куќи и станови изнајмени преку агенции, рече Рама.

Шефот на албанската Влада најави дека подготвителните работи за следната сезона започнале, со амбиција за повеќе и подобро.