July 23, 2021 21:29
Балкан

Рама: Албанија и Исланд со најмалку заразени во Европа

Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи се пофали дека според глобалното мерење, во последните две недели за намалување на бројот на заразени со Ковид-19, Албанија и Исланд, се двете земји со најмалку случаи на инфекции на Стариот континент.

Рама го сподели двонеделниот графички приказ објавен на престижната веб-страница Ourworldindata.org, во врска со случаите со Ковид-19 на милион жители каде може да се забележи драстично намалување на случаите на заразени во Албанија.

Од започнувањето на националната кампања за вакцинација против опасниот вирус „Албанија се насмевнува” се аплицирани над 800.000 вакцинации.

– Пристигна нова пратка од 11.700 вакцини од Фајзер со кои досега добиени се 911.000 дози вакцини. Вакцинацијата се спроведува според сите параметри на безбедност и квалитет од страна на обучени тимови низ целата земја. Нашата цел од милион вакцинирани во јуни е пред остварување. Албанија се насмевнува, напиша Рама.

Во меѓувреме, според податоците на Министерството за здравство во последното деноноќие во земјата нема починат ковид пациент а вирусот е дијагностициран кај 13 лица. Моментно активни на болеста се 209 лица од кои на болнички третман се 23 пациенти.

AnimeHeaven Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Utawarerumono OVA Episode 3

AnimeBee Watch english anime Online in HD for FREE. Watch Tari Tari: Kumottari, Kagayaitari, Mata Itsuka Utattari Episode Full

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Ronin Warriors (Dub) Episode 39

4Anime Sites Google: https://sites.google.com/view/4anime-official/home