September 23, 2019 07:42
Спорт

Ракометарите на Египет го освоија СП У19 во Скопје

Кадетската репрезентација на Египет е шампион на Светското првенство (СП) за ракометари до 19 години кое се одржа во Скопје. Ова е прв пат неевропска екипа да стане светски шампион во конкуренцијата У 19.

„Фараоните“ во мечот за злато беа поуспешни од Германија, која во финалето ја совладаа со 32-28 (19-13). Африканската селекција покажа зрелост на светскиот ракометен собир и уште по првиот дел дојдоа до висока предност од шест гола, која потоа константно ја одржуваа.

Најдобар стрелец за Египет беше Валид Ахмед со осум гола, исто толку постигна и Хешам Елсајед, додека Осман реализира осум пати. Кај Германија, Медеб беше најдообар со седум гола, а Костер даде шест.

Претходно, во дуелот за третото место Данска беше поуспешна од Португалија (35-27).

Нови вести

Вардар победник, Дибиров со критика до публиката

Filip

Солскјер: Во клучните моменти, сè се сврте против Манчестер јунајтед

Filip

Италија последен четвртфиналист на ЕП во одбојка

Filip