December 5, 2022 07:55
Спорт

Ракометарите на Бутел убедливо поразени на реваншот од Алпла Хард

Ракометарите на Бутел не успеаја да му се приклучат на Еурофарм Пелистер во групната фаза во Лига Европа, откако вечерва загубија во Скопје од австриски Алпла Хард со 25-21 во реванш натпреварот од 2. квалификациско коло.

Македонскиот претставник имаше тешка задача на реваншот на домашен терен да ја надомести негативата од пет голови разлика од првиот натпревар (26-21), а задачата стана невозможна веќе по првото полувреме, кое Алпла Хард го реши во своја корист со 12-5.

Австријците до крајот на натпреварот рутински ја зачуваа предноста и се пласираа во групната фаза во Лига Европа со елиминација на два македонски претставници, откако Алпла Хард во 1. квалификациско коло беше поуспешен и од Еурофарм Пелистер 2.

Најдобар стрелец во нашиот тим беше Мајиќ со шест гола, додека по четири пати погодија Субашевски и Николов.