February 3, 2023 10:41
Свет

Разузнавачките агенции на САД и на Русија разговараат за нуклеарните ризици, соопшти Американската амбасада во Москва

Соединетите Американски Држави и Русија управуваат со нуклеарните ризици преку разговори што меѓусебе ги водат разузнавачките агенции, изјави за руските медиуми Елизабет Руд, вршител на должноста во Американската амбасада во Москва.

„САД имаат канали за управување со ризиците со Руската Федерација, особено по однос нуклеарните ризици, и тоа беше целта на состанокот на директорот на ЦИА, Брнс, со неговиот руски колега”, рече Руд.

„Директорот Брнс не преговараше за решение на конфликтот во Украина”, додаде таа.

Администрацијата на Бајден го испрати Вилијам Брнс неколку пати во текот на изминатата година на разговори со Русите. Дипломатскиот ветеран и поранешен американски амбасадор во Русија стана клучен посредник меѓу двете земји.