August 14, 2022 19:50
Македонија

Разрешен директорот на затворот Идризово

Владата на Република Македонија денеска го разреши досегашниот директор на затворот Идризово, Реџеп Реџепи.

Засега нема соопштение зошто Реџепи е разрешен и дали тоа има поврзаност со полициските претреси во затворот, кога беше пронајдена дрога, оружје и мобилни телефони.

Нов директор на затворот Идризово ќе биде Шпенд Тахири.