February 25, 2021 08:29
Македонија

Разрешена судијката Татјана Михајлова

Судскиот совет денеска поради нестручно работење ја разреши судијката Татјана Михајлова, објави ТВ24. Официјално не го соопштија нејзиното име, а претседателот на Советот, Киро Здравев изјави дека се работи за нестручно работење и злоупотреба на АКМИС системот.

-Не можам да ви кажам за кого одлучувавме, меѓутоа факт е дека на денешнта седница имавме посебна точка за утврдување на одговорност на судија и нашата одлука е дека се разрешува од функцијата судија на конкретниот суд, поради повреда на одредбите од судскиот деловник по однос на примената на  системот, изјави Здравев по завршувањето на седницата.

Посочи дека, нестручното работење на судијата е утврдено за период од две до три години.

Како една од причините поради кои толку време се водела постапката, првиот човек на Судски совет го посочи недоаѓањето на конкретниот судија на закажаните расправи.

Подетално за предметот, како што рече, неможе да каже од причини што мора  да се почитува пресумцијата на невиност.

-Кога нашата одлука ќе стане правосилна, ние ќе објавиме и во Службен весник на РСМ со одреден мал степен на минимизирање, истакна Здравев.

Михајлова е позната како судијка која забрани доказите да се користат како докази во постапките на СЈО, а беше главна судијка во „Шамарите во Центар“.

Исто така, своевремено Мијхајлова во судница ги казни Катица Јанева и Фатиме Фетаи со по 2.000 евра.

Нејзиното име се спомена во судењето против Владимир Панчевски, стручна службеничка сведочеше дека Панчевски како претседател на Судот рачно го напишал нејзиното име и еден од големите звучни случаи кои таа треба да го суди.

Yashahime: Princess Half-Demon Episode 15 at Crunchyroll free crunchyroll account discord

Watch Tokyo Ghoul Episode 6 (https://gogoanime.be/m/LEP/ep-6) at website https://gogoanime.be. See more nisekoi gogoanime