March 7, 2021 10:15
Економија Македонија

Развојна банка: Одобрени уште 8,8 милиони евра кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

Нова, втора група од 770 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента – Ковид 3, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата. Втората група кредитни барања, информираат од  Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, е во износ од 8,8 милиони евра за 770 компании кои вработуваат вкупно 5.898 лица.

-Вкупно досега, од кредитната линија за која се предвидени средства до 31 милиони евра, се одобрени 1.276 кредитни барања на вкупен износ од 14,7 милиони евра, кои ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7 декември 2020 година. Според структурата на досега одобрените кредитни барања, 715 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 475 барања се од микро компании, 67 кредитни барања се од трговци-поединци и 19 кредитни барања се од занаетчии, прецизираат од Развојната банка.

Најголем дел од одобрените 1.276 кредитни барања, додаваат, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 32 отсто, а по него следи Полошкиот регион со 16, Југозападниот регион со 13 и Југоисточниот регион со 11 отсто. Источниот и Пелагонискиот регион доаѓаат следни со 9 отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5 отсто од одобрените кредитни барања.

-Кредитните барања се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија. Во следните денови, службите на банката ќе достават известување по пат на е-маил порака до адресата на компаниите од тековната состојба за да ги информираат компаниите чии кредитни барања се одобрени, велат од Развојната банка.

Watch The Irregular at Magic High School: Visitor Arc (Dub) Episode 6 (https://animeheaven.pro/m/Xk6Z/ep-6) at AnimeHeaven arifureta anime heaven

Watch Our Last Crusade or the Rise of a New World (Dub) Episode 6 (https://funimationfree.com/m/Qx4Z/ep-6) at Funimation funimation funko pop