January 20, 2021 14:44
Македонија

Развоен буџет за модерна полиција и достојни услови за полицајците и во 2021 година , најави Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го презентираше буџетот на Министерството за наредната година, посочувајќи притоа дека тој е развоен и дека ќе придонесе за континуирано реформирање на полицијата, преку етаблирање на принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста.
-Предлог буџетот за МВР за 2021 година е со вкупна вредност од 10.455.110.000 денари и е за 312.452.000 денари поголем од буџетот за 2020 година, односно е зголемен за 3.08 проценти. Преку реализација на вака проектираниот буџет се остваруваат две основни цели, првата е продолжување на воспоставениот концепт полиција – сервис на граѓаните, а продлабочувањето на партнерството меѓу граѓаните и полициските службеници ќе продолжи да произведува уште поефективни резултати за безбедноста и сигурноста, рече министерот Спасовски на денешната прес-конференција.
Втората цел која е суштински поврзана со првата, додаде тој, е создавање на модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, која ќе биде блиска до граѓаните и на законит, стручен, транспарентен и одговорен начин ќе ги гарантира нивната целосна лична и имотна сигурност, и ќе продолжи одлучно и неселективно да се справува со организираниот криминал и корупцијата и успешно да работи во превенција од сите облици на тероризам и други противуставни дејствија.
-Ако во претходниот период инвестиравме во нова опрема која после повеќе години во најголем дел ја обновивме, идната година ќе продолжиме со набавка на нови униформи за полицијата и специјалните единици на МВР, како и набавка на оружје, муниција, заштитна опрема, со што практично целосно го заокружуваме тој наш проект, давајќи јасно до знаење дека на секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работење, рече Спасовски.
Тој најави продолжување на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици, потсетувајќи дека во претходниот период беа делумно или целосно реконструирани 45 објекти на Министерството, во сите сектори за внатрешни работи, а била отпочната и изградба и на Центарот за санирање од катастрофи и обезбедување на континуитет во работењето во Прилеп, како и на градбата на новите современи форензички лаборатории.
-Со зголемен буџет за оваа ставка во 2021 година од вкупна вредност од 83.000.000 денари, веднаш ќе продолжиме со градежните активности, и тоа најнапред во полициските објекти во рамки на СВР Куманово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица Ресен, со цел подобрување на условите за работа во нив, рече Спасовски.
Министерот потенцира дека наредната година ќе се реализира и проектот за „Надградба на постоечкиот софтвер за идентификација”, предвиден во новиот буџет, со кој се зголемува откривачката функција на полициските служби, од кој придобивките ќе ги почуствуваат сите граѓани погодени од криминални дејствија од различен тип, како и проектот „Нови лични документи за граѓаните на Република Северна Македонија”. Ќе се работи, додаде и на превентивното делување, бидејќи, како што потенцира,  само со навремена детекција на проблемите и приоритетите, е можно носење соодветни решенија и намалување на стапките на криминалитет. 

Watch High School DxD Episode 8 at website https://animeplanet.cc. See more anime planet hero academia

SK8 the Infinity Episode 2 at AnimeFreak anime freaks anime