June 25, 2022 13:23
Македонија

Радман за МИА: Најавите се дека е можно на 23 јуни да се организира меѓувладина конференција

Најавите се дека сепак е можно на 23 јуни да се случи и да се организира меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ,  секако тоа ќе биде еден позитивен исчекор напред, а потоа е можно усогласувања и договори меѓу Северна Македонија и Бугарија со поддршка на ЕУ, вели во интервју за МИА шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ-Радман.

Шефот на хрватската дипломатија оценува дека сите услови се подготвени да се почне и и оти очекуваат и подготвеност од Бугарија за да се најде заедничко решение.

– Сите прашања што ќе се отворат подоцна можат да се решваат и паралелено. Мислам дека е многу важно сега да се почне со пристапни преговори со цел да се испрати важна порака на земјите од Западен Балкан – а тоа е дека ЕУ е подготвена да се вклучи, оти Западен Балкан е дел од европскиот простор, дека е важен геополитички и геостратешки простор, подвлече Радман.

Грлиќ-Радман, кој учествуваше на Преспа форумот за дијалог во Охрид, вели дека е многу важно да се придонесува за мирот и стабилноста и да се види остварување на желбата на Северна Македонија која е определена за членство во ЕУ и оти, вели, дека сме заедно во европското семејство.

– Француското претседателство секако е важно. Франција сака да покаже дека, а таа тоа и е, дека е водечка држава во земјите-членки на ЕУ. И Франција и Германија се големи и одговорни земји. Францускиот претседател Макрон лани за време на посетата на Хрватска рече дека нему му е многу важен самитот за Западен Балкан и дека секако е заинтересиран и оти Франција силно ќе поддржи отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија, бидејќи тоа е и во интерес и за безбедноста на Европската Унија, нагласи Радман во интервјуто за МИА.

Целото интервју, заедно со видео-материјалот ќе биде објавено утре.

IOS mới nhất - Cổng Game Bài Đổi Thưởng GO88 Club download go88 lô đề go88

sunwin exports bảng cầu tài xỉu sunwin tải game sunwin