February 2, 2023 21:51
Македонија

Радев: Ќе ги активираме европските механизми против антибугарската омраза

Ќе ги активираме сите европски механизми за за да престане оваа антибугарска омраза и хистерија, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

– Веќе не е доволно институциите на РСМ да докажат дека не се дел од антибугарската кампања. Крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања – рече претседателот Румен Радев по повод говорот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кој посочи дека е можна забрана за влез во земјата на бугарски европратеник и други граѓани на Бугарија.

– РСМ не ги ни почна преговорите. Таа се уште не ја отворила вратата од просторијата каде што ќе се водат овие преговори – посочи претседателот и додаде дека ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај на антибугарската омраза во РСМ.

Радев, пак, потсети на неговиот став дека правата на македонските Бугари треба да се заштитат во Уставот на земјата и дека тоа треба да биде задолжителен услов за почеток на преговорите.