Македонија

Радев: Пристапот на Владата кон Северна Македонија треба да се поддржи

Предложениот пристап од Владата кон нашите соседи има потенцијал да го динамизира дијалогот и треба да биде поддржан, оцени денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, во годишното обраќање во Народното собрание, во делот за односите со Северна Македонија.

Тој рече дека постои консензус меѓу институциите за позициите утврдени во Декларацијата од Собранието за зачувување на бугарските национални интереси и позиции.

-Кога дојде до застој во исполнувањето на Договорот од 2017 година свикав средба наспроти тензичните однои со владата и постигнавме консензус за разработка на Рамковната позиција прифатена со Декларација на Собранието, со прецизирање и утврдување на бугарските интереси и позиции. Задоволен сум од фактот дека наспроти длабоките политички промени од тогаш, после Консултативниот совет на национална безбедност демонстираравме единство и последователна конструктивност по оваа важна тема. Предложениот пристап од Владата кон нашите соседи има потенцијал да го динамизира дијалогот и треба да биде поддржан, рече Радев.

Според него, правата на македонските Бугари, од кои многумина се и бугарски државјани, треба да бидат загарантирани со впишување во Уставот на државата паралелно со другите делови од народите.

-Тој акт заедно со механизмите за искоренување на говор на омраза и зачувување на бугарското културно и историско наследство треба да биде услов нашата согласност почеток на преговорите со ЕУ, порача бугарскиот претседател Румен Радев во годишното обраќање во Собранието, нагласувајќи дека тоа е негов личен став.

Консултативниот совет за национална безбедност на неодамнешното заседание што го свика Радев донесе заклучоци во кои се споменуваат правата на македонските Бугари, но не и нивно вметнување во Уставот на РСМ како услов за кревање на ветото од Бугарија.

watch anime. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

online anime Attack on Titan Final Season

AnimeDao DARLING in the FRANXX

Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 10

anime website Horimiya

anime website AnimeDao Attack on Titan Final Season (Dub)