Старо-новиот бугарски претседател Румен Радев конститутивната седница на новоизбраното 47. Народно собрание на Република Бугарија ја закажа за в петок на, 3 декември, од 9.00 часот.
Првата седница на парламентот мора да ја отвори најстариот пратеник. Тоа е д-р Силви Кирилов од „Има таков народ“
Третите парламентарни избори кои се одржаа за кус период годинава во Бугарија беа организирани на 14 ноември. Победник беше „Продолжуваме со промената“ на поранешните привремени министри Кирил Петков и Асен Василев, кои освоија 25,67 отсто од гласовите и ќе имаат 67 пратенички места во новото Народно собрание.
Партијата ГЕРБ на Бојко Борисов со коалициониот партнер на УДФ по вторпат стана втора и ќе има 59 пратеници. За неа гласале 22,74 отсто од гласачите.
Трети се МРФ со 13% и 34 пратеници. БСП освои 26 пратеници со изборен резултат од 10,1%.
Победникот на јулските избори „Има таков народ“ на Слави Трифонов остана петти со 9,25 отсто што им обезбеди 25 пратеници.
На последните две места се „Демократска Бугарија“ и „Преродба“ со 6,37% и 4,86%. Двете формации ќе имаат по 16 односно 13 пратеници.