June 26, 2022 01:40
Македонија

Радев: За Македонија има национален консензус, на Петков тоа треба да му е јасно

Колку повеќе владата се придржува до официјалниот бугарски став изразен во документите усвоени од Националното собрание и последниот Советодавниот совет за национална безбедност, толку повеќе ги слушаме Бугарите во нашата земја и во Република Северна Македонија, толку поодговорно се однесуваме како членка на Европската унија и придржуваме до вредностите на Унијата, толку полесно ќебиде во политиката и одлучувањето во однос на PCM.

Ова денеска на новинарите им го коментираше бугарскиот претседател Румен Радев, откако премиерот Кирил Петков го повика да свика седница на Советодавниот совет за национална безбедност на тема Македонија, пишува БГНЕС.

Тој вели дека прво треба да го слушне Петков на темата за Северна Македонија притоа не прецизираше дали ќе го свика Консултативниот совет за национална безбедност за да се расправа за ова прашање.

Радев уверува дека ќе продолжи да се занимава со историјата и културата, дека ќе работи за правата на Бугарите во РСМ.

-Нашите браќа во РСМ да добијат гаранции во исто време за еден одржлив и неповратен процес на интеграција. Побргу да се ослободиме од идеолошките окови на тоталитарното југословенско минато и конечно тамошните политичари да ги отворат перспективите за долгоочекуваната европска иднина, додаде Румен Радев.

Радев порачува дека не може да се преговара ниту за интеграцијата на Северна Македонија ниту за прашањето за заштита на воздушниот суверенитет на Бугарија бидејќи, вели, за човековите права не се преговара и нема пазарење.

вели Радев.

go88 pro tại go88 về oppo cách tải go88 ios

apk sunwin