April 10, 2021 20:53
Македонија

Радев ги свикал безбедносните службите поради Бугарите во Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска на состанок во претседателската резиденција во Софија ги повикал шефовите на безбедносните служби во Бугарија.

Целта на состанокот како што стои на официјалниот веб-сајт е да се преземат „навремени мерки за соодветна заштита на бугарските граѓани во странство, кога тие се нападнати поради нивниот национален идентитет.“

Поводот за ваквиот состанок се наведува дека е писмото кое било испратено од таканаречениот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, како и апелите од како што стои во соопштението, нивни сонародници во Македонија кои се соочувале со зачестени појави на нарушување на нивните права, поради фактот што се идентификуваат како Бугари.

На состанокот учествувала и потпретседателката Илиана Јотова.

Boruto: Naruto Next Generations Episode 188 at Funimation best anime on funimation 2019

Watch Dr. Stone (Dub) Episode 24 at Crunchyroll crunchyroll free trial