Старо-новиот претседател на Бугарија Румен Радев во своето обраќање на новиот состав на Народното собрание кое одржува конститутивна седница по трет пат годинава порача дека надежите на граѓаните се огромни.
Радев му предложи на новиот парламент да го разгледа буџетот подготвен од техничката влада. Консензус за бугарската надворешна политика во кој сите институции се повикани да го почитуваат националниот интерес. Според претседателот Радев, важно е бугарската дипломатија да биде во рацете на професионалец од кариера. Потребен е консензус за сите важни надворешно-политички прашања, особено кога е во прашање бугарскиот идентитет, „како и историјата, културата и правата на нашите сонародници во странство.“
Радев најави дека претседателската институција е отворена за дијалог за сите важни надворешни политики прашања.