June 22, 2021 09:43
Спорт

Работнички славеше во градското дерби против МЗТ Скопје Аеродром

Денеска во заостанатиот натпревар од 12 коло одигран во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ составот на Работнички триумфираше на гостувањето со 74:75 против МЗТ Скопје Аеродром.

Одличен почеток имаше домашната екипа, предводени од расположениот Олуџоби кој во првата четвртина реализираше 11 поени, еден од најзаслужните што „штрковите“ имаа позитива од 18:9 по нецели осум минути од играта во градското дерби. Тука не застанаа, стекнаа и двоцифрена разлика, која по забивањето на Карачиќ изнесуваше 11 поени (30:19) во 14 минута.

Доколку Олуџоби беше централна фигура во првата четвртина, тој епитет во втората го доби Торнтон. Силното крило го врати Работнички комплетно во игра. Со помош на Младеновиќ кој донесе доста побрза игра по влегувањето, по 14 кош на Американецот гостите преку серијата (17:7), беа во заостанување од само еден поен (38:39), на 71 секунда пред крајот на првото полувреме. Таква беше предноста (41:40) за МЗТ Скопје Аеродром по првите 20 минути.

Во третиот дел од играта многу подобра игра на гостите. Предводени од Младеновиќ и Бундовиќ, „црвено-белите“ направија целосен пресврт, и последниот дел од играта во дербито го дочекаа со плус од четири поени (64:60). Но, со серијата (11-2) во која главен бор имаше Мекиќ, аеродромци одново ја вратија предноста на своја страна. По пет минути игра во четвртиот период имаеше (71:66).

Серијата, со тројка ја прекина малку „видливиот“ Мулалиќ, за (71:69), и резултат кој стоеше во 36 минута. По неговата нова тројка, Работнички поведе (75:74). Останаа 25 секунди во кои Гравет ја направи клучната грешка, згора на тоа домашните кошаркари не беа во „бонус“. Не ги „потрошија личните“, па победата остана за Работнички.

Кај победниците доминираше хрватскиот интернационалец Бундовиќ со 16 поени, колку што има и неговиот тимски колега, Словенецот Мулалиќ. На спротивната страна Мекиќ реализираше 18 поени, а Гравет и Крстевски го следеа со по 15. На табелата тимот од Градски парк се на седмото место со 29 бодови, три повеќе од деветтопласираните „металци“.

AniWatch watch anime online: Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full

GoGoAnime watch anime dub: Fire Force Season 2 (https://gogoanime.be/m/QYrn) Episode 24