January 16, 2019 01:01
Фудбал

Работнички се засили со четворица фудбалери

Пред стартот на зимските подготовки на денешниот прв собир тимот од „Градски парк“ Работнички, официјално ги промовираше четирите најнови засилувања за пролетниот дел од сезоната.

Нови имиња, покрај Баже Илијоски кој повторно се враќа во својот дом, се бугарските интернационалци Николај Дилгеров и Емил Вијачки, бразилскиот офанзивец Жунињо Кабрал и крилниот напаѓач Дејан Блажевски, е објавено на клупскиот сајт на „романтичарите“.

Дилгеров кој доаѓа од редовите на Царско село е поранешен младински репрезентативец на Бугарија. Фудбалерот од средниот ред потпиша шестмесечен договор со Работнички со можност истиот потоа да биде продолжен на уште една година. Во својата кариера има настапи и за ЦСКА Софија, Славија, Лудогорец, Локомотив Пловдив и израелскиот Хапоел Ирони.

Дваесет и осумгодишниот Емил Вијачки ќе ја засили дефанзивната линија потпишувајќи договор до јуни 2020 година. Доаѓа од бугарскиот прволигаш Локомотив Софија.

Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Блажевски е едно од најголемите засилувања за тимот за продолжението од сезоната. Блажевски доаѓа во Работнички по една полусезона мината во албанскиот прволигаш Тирана. Со „романтичарите“ потпиша договор од една година.

Едногодишен договор потпиша и Бразилецот Жунињо Кабрал. 26-годишниот Кабрал изминатава година настапуваше за Флоријана во шампионатот на Малта. Претходно, во својата кариера, има настапи и за Ботофаго и Аракса во Бразил како и за норвешкиот прволигаш Бран.

Related posts

СП 2018: Исчезна англиски навивач, полицијата ги проверува информациите

24info

Пирло за Роналдо: Ќе видиме нешто прекрасно

24info

(Видео) Нов смртен случај во фудбалот, Хрват почина на сред натпревар

24news