Во првиот натпревар од 20. коло во во фудбалскиот шампионата на Македонија, Работнички и Силекс на „Арената Тодор Проески“ ремизираа 1:1.
Работнички прв стаса до преднсот со погодокот на Никола Прелчец во 51-та минута од средбата, а на десет минути пред крајот на мечот Иван Галевски го постигна израмнувачкиот гол со кој Силекс од Скопје си замина со еден бод.
Колото ќе биде комплетирано со утрешните пет средби во кои се среќаваат: Шкендија – Вардар, Пелистер – Ренова, Беласица – Струга ТЛ, Македонија ЃП – Борец, Шкупи – Академија Пандев.