April 11, 2021 12:10
Спорт

Работнички и МЗТ Скопје во АБА2 лигата ќе се соочат на турнирот во Сараево

Третиот турнир од регионалната кошаркарска АБА2 лигата ќе се одржи во Сараево, а тоа значи дека во босанската престолнина ќе се соочат македонските вечни ривали МЗТ Скопје и Работнички.

Имено овој „балон“ ќе се одржи од 1 до 7 март, период во кој ќе бидат одиграни мечевите од 8,9 и 10 коло што автоматски значи меч на нашите најдобри, најтрофејни кошаркарски колективи. „Штрковите“ и центарци ќе ги одмера силите на 3 март од 12 часот секако под услов се да биде во ред, поточно да нема проблеми какви што имаше Работнички кој поради заразени играчи го пропушти вториот турнир во Бања Лука.

Инаку МЗТ освен со градскиот ривал во Сараево ќе се соочи уште со Ловќен и Младост Земун, додека пак четата на Мираковски ќе игра против Широки Бријег и Сутјеска.

Од АБА лигата воедно информираа дека последниот „балон“ ќе биде на програмата од 22 до 28 март во Златибор.

Watch Our Last Crusade or the Rise of a New World (Dub) Episode 3 (https://animeflix.nl/m/470Y/ep-3) at ANIMEFLIX animeflix free iwatobi swim club

Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 10 at website https://animefreak.ws. See more animefreak my hero academia