Раководството на кошаркарскиот клуб Работнички потврди дека го засилиле тимот со ангажманот на тројца странци за да направат конкурентен состав во борба за трофеите на домашната сцена како и достојна презентација во регионалната АБА2 лига.
Работнички ги ангажирал бекот Мирко Мулалиќ, Словенец кој има 32 години и висок е 195 см на кого последен клуб му бил Цедевита Олимпија, на центарската позиција ја засилил со Филип Бундовиќ од Хрватска, има 27 години, а е висок 202 см кој доаѓа од Цибона, како и Американец, Рајнер Торнтон, кој има 25 гоини и е висок е 199 см. на кого Работнички ќе му биде европско искуство.
Торнтон е играч кој ќе ја засили крилната позиција на Работнички, поранешен член на Универзитетот Мемфис.