October 16, 2019 00:09
Македонија

Работните групи утре ги продолжуваат преговорите за законот за Jавно обвинителство

Работните групи на власта и на опозицијата утре ги продолжуваат преговорите за законот за јавно обвинителство. Социјалдемократите велат дека ќе се постигне договор само ако ВМРО-ДПМНЕ покаже подготвеност за владеење на правото.

Опозицијата го тврди спротивното – дека власта не е заинтересирана за брзо решение. Уверува дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се непроменети.

Спикерот џафери најавува дека пленарна седница за Законот за јавно обвинителство ќе свика кога ќе го добије извештајот од комисијата каде предлогот е во второ читање. Тој не ја исклучува можноста, поради различните ставови на власта и опозицијата, да не се обезбеди двотретинско мнозинство.

Преговорите се заглавени за тоа како треба да изгледа институцијата што ќе ги наследи предметите на СЈО. Владата сака да има Обвинителството за гонење организиран криминал и Обвинителството за гонење висока корупција, додека опозицијата го сака сегашниот модел, при што таа би имала одлучувачки збор за шефот на ова обвинителство.

Извор: Алсат.мк

Нови вести

Лукаревска во Кичево: Повратот на ДДВ е навремен и неселективен и обезбедува повеќе пари кај граѓаните, на прав пат сме

Igor

Учениците од ,,Димитар Влахов“ со допир го запознаа Пендаровски

Igor

Спасовски во Кичево: Продолжуваме со концептот парите назад кај граѓаните, следува намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Igor