February 3, 2023 10:37
Македонија

Работна средба на министерот Спасовски со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал

Денеска, во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал.

Министерот Спасовски му упати честитки на амбасадорот Вал за именувањето на новата функција во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, посакувајќи му успех и заеднички реализирани проекти  во време на неговиот мандат, потенцирајќи го високото ниво на партнерство и соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, чијашто реализација се одвива во рамки на трите воспоставени стратешки работни текови на: професионализација, демократско полициско работење и транснационални закани.

За време на средбата соговорниците разговараа и за постигнатите резултати изминатиов период  пред се потенцирајќи го фактот на зголемената доверба на граѓаните во полицијата и транспарентноста на Министерството.

Од страна на амбасадорот Вал беше искажана благодарност до министерот Спасовски за денешнава средба и беше дадено уверување  и негова заложба и во иднина заеднички  да   продолжат со активностите во насока на градење позитивна перцепција на јавноста кон полицијата.