November 19, 2019 22:37
Македонија

Работна посета на Димитров на Брисел 14-17 октомври

Од 14 до 17 октомври 2019 година, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во рамките на посетата министерот Димитров ќе има размена на мислења со членовите на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент. Ова ќе биде прво негово обраќање пред новиот состав на овој Комитет, по европските избори одржани во мај 2019 година.

Министерот ќе ја искористи можноста пред европските пратеници уште еднаш да ги претстави постигнувањата на Северна Македонија и важноста од носење на одлуката за почеток на пристапните преговори со Европската Унија на претстојните состаноци на Советот на ЕУ и Европскиот Совет.

Ќе се заблагодари за континуираната поддршка на Европскиот Парламент на европската перспектива на земјата и ќе изрази очекување дека таа ќе продолжи и ќе се зајакне со актуелниот состав на Парламентот.

Министерот Димитров за време на посетата ќе оствари и поединечни средби со пратениците од Европскиот Парламент.

Во оваа клучна недела во која се очекува Советот да ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори, Министерот ќе се сретне и со дел од министрите кои ќе учествуваат на Советот за општи работи на 15 октомври 2019 година.

Нови вести

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Filip

Каевски на трибина во Ресен: Наскоро завршува реконструкцијата на спортската сала, следува и изградба на ново игралиште

Filip

Премиерот Заев и министерката за финансии Ангеловска со новинари од повеќе медиуми: Буџетот е ликвиден и реален, израз на крупните политики и храбри одлуки

Filip