December 5, 2019 17:54
Македонија

Работилница за евроатлантските интеграции и нивните импликации во земјите од Западен Балкан

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид ќе ја отвори работилницата на тема „Стратегиски комуникации и евроатлантските интеграции: Импликации за земјите од Западен Балкан”.

На отворањето на работилницата ќе се обратат и американската амбасадорка Кејт Мари Бернс, Ото Граф од Германската амбасада и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО Скопје, полковник Зоран Јанковиќ. Помеѓу предавачите се и ценети професори од САД и други НАТО земји, како и земји аспиранти за членство во Алијансата и високи претставници од МНР, МВР и МО.

Организатори на работилницата се Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар – Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим и невладината Маршал Центар од Република Северна Македонија.

Нови вести

Димитров: С.Македонија останува посветена на исполнување на заложбите на ОБСЕ

Filip

Поддржан финансискиот план и процентот на зафаќање за финансирање на РКЕ за 2020 година

Filip

Премиерот Заев од Волково: За прв пат после 60 години се гради спортска сала во ООУ ,,Јоаким Крчовски’’

Filip