Search

Работилница: Едукација на туристичките работници и промоција на понудата

Едукација на туристичките чинители, како и поставување на платформа за сеопфатна промоција преку онлајн, дигитален и печатен медиум за презентирање на туристичките потенцијали на нашата земја, беа претставени на денешната работилница за локална и регионална конкурентност во организација на Џебен водич – Скопје „In your pocket”.

Целта на проектот, кој е финансиран од ЕУ преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2имплементиран од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев    и админстриран од Светска банка, е за зголемување на бројот на туристички посети на земјава.

Антонија Шишак, директор на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) нагласи дека за овој проект ЕУ обезбедила 18 милиони евра, и националниот придонес е во износ од 3,2 милиони евра, како и кофинансирање од страна на учесниците во потгрантовата шема во висина од околу 2,3 милиони евра.

– Најголемиот дел од средствата се наменети токму за потгрантовата шема во која интерес изразија голем број јавни установи, општини, невладиниот сектор, микро и малите претпријатија. Преку оваа компонента беа финансирани околу 50-тина проекти. Еден од проектите што е финансиран преку нашиот проект е и проектот на Џебен водич, со кој се таргетираат два од идентификуваните недостатоци во секторот туризам на територијата на нашата држава, а тоа се: недостиг од доволна едукација на вработените во секторот туризам, како и недоволната промоција на туристичката понуда и се она што нашата држава го нуди во овој сектор, рече Шишак.

Снежана Стефановска, координатор на проектот и раководител на Џебен водич (In your pocket) – Скопје изјави дека планирано е да се реализираат пет специјално дизајнирани работилници низ државата за едукација на сите туристичките чинители и институции за да се подобрат услугите/производите врз основа на сознанија за потребите на современиот турист.

– Работилниците се базирани на практични примери, како и на реални сознанија за потребите на современиот турист, а со цел да се да се зголемат вештините и знаењата на туристичките чинители во сите десет дестинации на нашата територија и се опфатени сите хотели, ресторани, музеи, оптшини и сите оние кои се директно вклучени во делувањето во туризмот. Втор сегмент на проектот е подобрување на ограничената туристичка промоција на Република Северна Македонија преку дигитална промоција преку Facebook и Instagram, а во тек е и изработка на професионален водич со наслов „The best of North Macedonia” на македонски и англиски, кои би го презентирале туристичкиот потенцијал и би придонеле за зголемување на бројот туристи кои би ја одбрале нашата земја како нивна идна дестинација, нагласи Стефановска.

Нико Славниќ, консултант на работилницата и директор на „In your pocket” брендот, кој како глобален водич покрива преку 250 дестинации во 34 земји, рече дека нашата земја има голем потенцијал во туризмот и дека само со меѓународна соработка може да се подигне нивото на туризмот и неразвиените земји да пораснат во успешни земји.

Треба да знаете
Последни објави