August 23, 2019 17:56
Македонија

Работилницата за дефинирање предлог граници и зони за формирање заштитено подрачје Осоговски Планини

Еден од приоритетите на Министерството за животна средина, на секторот природа и на стратегиите за заштита на природата и биодиверзитетот донесени на седница на Влада, се и заштитените подрачја. Ме радува што привршуваме со реализацијата за прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје. Верувам дека во 2019 година ќе успееме да го завршиме тој процес и за Шар Планина и ќе успееме да го постигнеме процентот на заштитени подрачја кои се бараат од нас како држава во конвенциите и таргетите на ЕУ, истакна денеска заменик-министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули.

Пред почнувањето на работилницата за дефинирање предлог граници и зони за формирање заштитено подрачје Осоговски Планини рече дека за Осоговските Планини ќе одат со спроведување на препораките.

-Локалната самоуправа консензуално го препозна моментот и предизвикот од заштитените подрачја со концептот на еко системски услуги да може и да се заработува, да се задржат луѓето во локалните места, во руралните места и на тој начин покрај привлекувањето на туристите заради убавината и богатиот биодиверзитет, да може и локалната самоуправа да заработи. Денеска се дебатираат зоните, граници и бидејќи заштитеното подрачје би било од петта категорија доволно е и само одлука на Владата да го прогласиме и верувам дека во 2019 година и ова подрачје ќе биде прогласено за заштитено, додаде Макрадули.

Претседателот на Советот на Источниот плански регион и градоначалник на општина Кочани, Николчо Илијев рече дека по студиското патување во Бугарија, што го имале со неговите колеги градоначалници од Истокот, каде се сретнале со колеги градоначалници на тамошните општини и сознанијата кои ги добиле од придобивките за прогласување заштитени подрачја одлучиле двете подрачја – Ченгино Кале и Осоговските Планини да бидат прогласени за заштитени подрачја.

-Придобивките за целиот регион ќе бидат огромни, бидејќи се отвораат можности за инвестиции и за брендирање одредени производи од тие подрачја и настапи на европскиот пазар. Треба да ги заштитиме природните реткости и да ги оставиме на идните генерации. Тука сме да побараме поддршка од институциите со цел овие подрачја да бидат прогласени за заштитени, додаде Илијев.

Нови вести

Тутунски комбинат Прилеп очекува да ја заврши годината со добивка

Filip

Германија ја заврши постапката за ратификација на протоколот за НАТО

Filip

Арсовски: Зошто сѐ уште не е викнат на распит синот на Јанева?

Filip