March 1, 2021 15:04
Свет

Пo 138 дена, граѓаните на Викторија и Нов Јужен Велс повторно се движат слободно

Границите помеѓу Викторија и Нов Јужен Велс се отворија една минта по полноќ, откако движењето на жителите меѓу двете најнаселени држави во Австралија беше ограничено со строг карантин за борба против пандемијата на коронавирусите.

За прв пат во последните 138 дена, граѓаните можат повторно слободно да се движат од една во друга држава. Локалните медиуми објавија дека на главниот пат помеѓу соседните регионални градови Водонга и Олбери е поставена диџеј бина каде со музика се пречекуваат превите возила.

Националната телевизија АБЦ објави слики од славеничкиот пречек на патниците од Мелбурн на аеродромот во Сиднеј.Пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, авиокомпанијата Сиднеј-Мелбурн беше втората најпрометна авионска рута во светот. Авиопревозниците Квантас и Џетстар продадоа повеќе од 25.000 авионски билети во првите 48 часа откако претходно овој месец беше објавено дека ќе бидат укинати прекуграничните ограничувања.

Федералната држава Викторија беше центар на вториот бран на пандемијата во Австралија, што доведе до воведување на строг карантин, откако бројот на нови случаи на ден достигна 700 лица.

Мелбурн, град со 4,9 милиони жители, беше парализиран цели 112 дена во текот на кои им беше кажано на граѓаните дека мора да останат дома. Откако беа укинати ограничувањата кон крајот на октомври, Викторија немаше нови случаи.Во понеделникот се одбележа 24-от ден по ред без нови случаи на инфекција, а во таа австралиска држава во моментов има само еден активен случај на Ковид-19.Нов Јужен Велс, најголемата федерална држава во австралиската федерација со околу 6,7 милиони жители, во моментов го бележи својот 16-ти ден без нови случаи на локално пренесување на коронавирусот. Минатата недела Јужна Австралија објави воведување на привремен шестдневен карантин по наглиот скок на бројот на пациенти.Досега, вкупниот број на смртни случаи во Австралија е 907, од кои 819 во Викторија.

That Time I Got Reincarnated as a Slime OAD (https://gogoanime.be/m/VQjz) Episode 5 at website https://gogoanime.be sword art online gogoanime

Fate/stay night: Heaven's Feel - III. Spring Song Episode Full - Cam at ANIMEFLIX mob psycho 100 animeflix