Скопје

П „Комунална хигиена” исчисти 60 метри кубни отпад кај гробиштата во Ѓорче Петров

Екипите на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје спроведоа акција за расчистување обемна дива депонија лоцирана на влезот на гробиштата во општината Ѓорче Петров. Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 60кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.

ЈП „Комунална хигиена”-Скопје апелира до граѓаните совесно да постапуваат со својот отпад и истиот да не го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина.

И во оваа прилика ги информираме граѓаните на градот Скопје дека застарениот мебел и отпадот од електронска и електрична опрема може да ги депонираат во Центрите за селекција во Карпош и Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

Нови вести

Без струја делови на општина Илинден

Igor

ЈП „Комунална хигиена”- Скопје спроведува едукативни активности каде што се создаваат диви депонии

Valentina

Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови

Igor